29 Март, 2024
0.0274

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Грција, НАТО и ЕУ го поздравија Заев за промената на името на Македонија

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го поздрави својот македонски колега, Зоран Заев по историското гласање на пратениците во Скопје државата да биде преименувана во Република Северна Македонија.

„Премиерот му честиташе на г. Заев за успешно завршување на процесот за измена на уставот на поранешната југословенска Република Македонија“, соопшти прес-службата на Ципрас.

Грција го блокираше процесот на пристапување на Македонија во ЕУ и НАТО за користење на ова име, кое според Атина создава можност Скопје да има територијални претензии кон грчката провинција со исто име.

Одлуката на македонскиот парламент за промена на името беше поздравена и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан.

„НАТО силно го поддржува целосно спроведување на договорот (со Грција за промена на името). Тоа е важен придонес за стабилноста и просперитетот на регионот“, напиша Столтенберг на Твитер.

„Најискрени честитки на политичарите и граѓаните на идната Северна Македонија за парламентарните гласови за промени во Уставот. Се надевам дека ова историско решение ќе предизвика позитивна динамика за помирување во целиот регион на Западен Балкан“, изјави Хан.

Одлуката беше прифатено со 81 од 120 гласа. Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, која беше против договорот со Грција, го бојкотираше гласањето и побара предвремени избори.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани