ИСТРАГА: Ќе ги бараат луѓето кои им се закануваат на грчките пратеници за да не гласаат
Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2019
Закани има до грчките пратеници поради Договорот од Преспа, поради што е покрената истрага.
Обвинител од грчкиот Врховен суд наложи започнување на истрага поради закани кон пратениците од десничарската партија „Независни Грци“. Со пораки се повикуваат да не гласаат за договорот.
Претходно два грчки сајтови објавија дека пратениците добиле заканувачки текстуални пораки во кои од нив се бара да гласаат против договорот за промена на името, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на неименувани судски извори.
И во текот на преговорите за поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас имаше закани по живот, и нему му беа испратени куршуми.