Истрага на финансиска полиција во клиниките
Објавено во: Финансии 11 Мај, 2018
Управата за финансиска полиција во изминатите денови влегла на неколку клиники за проверки во однос на паралелен увоз на лекови, велат од Финансиската полиција.
Отаму наведуваат дека ќе изнесат дополнителни детали доколку се потврдат соменавањата што се предмет на истрагата.
Медиумите претходно објавија дека Финансиската полиција влегла на Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) и оти истражуваат последна набавка на лек Мабтера.