(ВИДЕО) ИСТРАГА: Украинскиот авион се запалил пред да се урне
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2020
Украинскиот авион, кој се урна непосредно по полетувањето од аеродромот во Техеран, се запалил непосредно пред несреќата, открила прелиминарната истрага.
Извештајот го направила иранската организација за цивилно воздухопловство, повикувајќи се на изјави од сведоци кои покрај тоа биле на аеродромот и во авионот, пренесува Ројтерс.
Иранските истражители рекле дека членовите на екипажот никогаш не повикале помош преку радио и се обиделе да се вратат на аеродромот, пренесува АП.
Се тврди дека авионот се запалил уште пред да се сруши и самата несреќа предизвикала голема експлозија кога авионот допрел до земја затоа што бил полн со бензин.
Во извештајот се наведува дека и двете црни кутии биле пронајдени, иако некои делови биле оштетени, а некои делови од меморијата биле уништени.
Во несреќата на украинскиот авион загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.
Фото: Фејсбук/ Ukrainian American Coordinating Council