19 Април, 2024
0.0307

ИСТРАЖУВАЊЕ: Koлкав процент работници ги враќаат парите од минимална плата кај газдите?

Објавено во: Економија 01 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работнициГласен Текстилец од Штип пред месец дена направи истражување со околу 200 работници од повеќе градови, од кое се добива прецизна слика што работниците  мислат за Законот за минимална плата и дали истата ја добиваат.


По повод денешниот ден 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот, овие резултати покажуваат дека македонскиот работник е во очајна состојба.

На прашањето „Дали се почитува Законот за минимална плата?“, 30.9 проценти одговориле потврдно, а 70.2 проценти одговориле со „не“.

„Дали секој месец добивате листови за плата?“ е следното прашање на кое со „да“ одговориле 53.7 проценти, а 46.8 проценти со „не“.

За тоа дали во фирмата е утврден учинокот односно нормата, со „да“ одговориле 50.8 проценти, а со „не“ 50.3 проценти.

Во однос на тоа дали им е зголемено работното време, со „не“ одговориле  58.3 проценти, додека потврдно одговориле 42.8 проценти.

Од анкетираните работници, 26.7 проценти одговориле дека минатиот месец имале плате од 9000 до 9999 денари, 11.8 проценти земале плата од 10.000 до 10.999 денари, 15.5 проценти имале плата од  11.000 до 11.999 денари, 17.1 процент добиле од 12.000 до 12.999 денари, а 9.6 проценти од  13.000 до 13.999 денари. Само 7 проценти од испитаниците кажале дека земале плата од  14.000 до 14.999 денари, додека над 15.000 денари заработиле 12.3 проценти.

Дури 78.9 проценти кажале дека не им е соодветно платена работата за празник и во сабота, а 17.3 проценти одговориле дека е соодветно платена.

26.7 проценти рекле дека се приморани дел од платата да вратат кај работодавецот, додека 73.8 проценти кажале дека тоа не го прават.

Во забелешките работниците навеле дека состојбата е катастрофална  и дека платите мора да се зголемат.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите