28 Март, 2024
0.0241

Истражување: Колку Срби сакаат на Запад, а колку во Русија

Објавено во: Балкан 15 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Повеќе од една петтина од граѓаните, 22% од нив, потенцијално сакаат да се иселат од Србија, покажа истражувањето "Зошто луѓето заминуваат од Србија" спроведено од страна на „Србија-21“ во јуни и јули годинава на примерок од илјадници возрасни граѓани.

Според организацијата, меѓу оние кои имаат на ум да заминат во странство, повеќето се на возраст меѓу 18 и 29 години (34 проценти или околу 450 000 граѓани).

Од оние кои сакаат да емигрираат, 45 проценти размислуваат за постојано иселување.

Најчестите мотиви за напуштање на земјата се стандардот (41 процент), подобро платената работа (36 проценти) и лошата состојба во земјата за девет проценти од анкетираните.

На Запад, 85% од испитаниците сакаат да заминат, а само 2% одговориле дека Русија е посакуваната дестинација за заминување.

Покрај Србија, истражувањето беше спроведено и во дијаспората со онлајн анкета на 2.149 испитаници за возрасни кои се преселиле надвор од Србија.

Најголем дел од испитаниците (92%) го сметаат својот живот во странство за подобар отколку во Србија. На прашањето зошто тие се чувствуваат подобро во странство, поголемиот дел велат дека причината е подобар животен стандард (37 проценти), правна држава (13 проценти) и сигурност (6 проценти).

Запрашани дали ќе се вратат во Србија, 41 отсто од испитаниците не планираат да го сторат тоа, додека 35 отсто ќе се вратат, но само кога ќе се пензионираат.

Најголем дел од испитаниците, 90 отсто, ја гледаат иднината на нивните деца во странство.



Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик