29 Март, 2024
0.0275

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СТРЕСОТ И ВОЗЕЊЕТО: Електричните автомобили ја смируваат психата

Објавено во: Стил 21 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Многу поволности кријат електричните автомобили коишто сѐ уште немаат доживеано експанзија на пазарот од различни причини. Едно истражување покажа доста интересен податок.

Имено, зад управувачот на електромобилот човекот се чувствува порелаксирано и помалку се заморува. Тоа значи дека електричните автомобили се покорисни за менталната состојба на човекот и покажуваат многу помалку негативно влијание врз мозокот. Освен огромните бенефити како помалку струја, помалку дефекти,ова претставува најважен бенефит.

Истражувањето е спроведено од страна на д-р Данкан Вилијамс од Универзитетот на Јорк, во Велика Британија и докажува дека во отсуство на зуењето на класичниот автомобил, психата на човекот не е подложена на влијанието на бучавата и затоа издржува поголеми оптоварувања.

Експериментот е направен со помош на енцефалографи монтирани врз главите на возачите на лондонските такси. Во текот на еден цел работен ден биле снимени електроенцефалограми на електричните импулси на мозокот. Возачите во текот на неколку дена се менувале на автомобилите – на електрични, па на дизел и обратно.
Резултатот е дека возачите на возилата со електричните мотори биле поконцентрирани при движењето, порелаксирани и фокусирани, помалку уморни и иритирани.

Компаративно, експериминтот на возачите на дизел такси  покажал доста лоши резултати.

Се воочила разликата на најфреквентните раскрсници во метежите и во чекањето на зеленото светло на семафорите. Пулсот на возачите на електротакси моделите бил практично постојан, додека кај дизелските возачи имало нагло намалување, па скок. При истражувањето, испитуваните возачи исто потврдиле по тестовите дека зад управувачот на електричните изведби се чувствувале подобро физички и психички, биле повеќе фокусирани, не чувствувале агресивност и уживале во тивката работа на машините.