ИТАЛИЈА Е ЗА УКИНУВАЊЕ НА КАРАНТИНОТ ЗА ТУРИСТИТЕ: Мерката ќе престане да важи најверојатно уште овој месец за целосно вакцинираните
Објавено во: Свет 09 Мај, 2021
Италија сака да
го зајакне туризмот и да им дозволи на луѓето да патуваат низ земјата без
задолжителен карантин веќе овој месец, рече министерот за надворешни работи. Патувањето
низ Италија треба да им биде полесно на патниците кои се целосно вакцинирани
против коронавирусна болест, објави министерот за надворешни работи на
Итралија, Луиџи Ди Мајо на Фејсбук.
Тој рече дека работи со министерот за здравство за да се укине „мини карантин“ за граѓаните на ЕУ и патниците од Велика Британија и Израел кои биле тестирани и се негативн на вирусот, вакцинирани или се опоравиле од ковида-19.
Посетителите кои доаѓаат во Италија од други земји на ЕУ во моментов треба да бидат тестирани пред да патуваат, да поминат пет дена во карантин во земјата, а потоа повторно да направат тест.
Ди Мајо најави дека правилата за патниците кои доаѓаат од Соединетите држави исто така треба да се олабават во јуни.
-Туризмот е важен за заздравување на Италија Точните правила и датуми за новите регулативи сè уште не се утврдени, но владата може да одлучи за тоа на 15. мај, најави тој.
Бројот на случаи на коронавируси во Италија неодамна се намалува, а кампањата за вакцинација добро напредува.
До вчера, повеќе од 27 проценти од населението примиле барем една доза на вакцина.
Од понеделникот, ниту еден дел од Италија не е класифициран како црвена зона, што е највисоко ниво на ризик во системот на ризик: црвено-портокалово-жолто-бело, според указот потпишан од министерот за здравство Роберто Сперанца.