Италија протерува македонски државјанин - која е причината?
Објавено во: Македонија, Свет 09 Август, 2018
Италија протераа четири лица осомничени за тероризам, меѓу кои e и еден македонски државјанин.
Mакедонскиот државјанин претходно е осудуван од судот во Сиена, регион Тоскана, поради семејно насилство и бил под надзор на полицијата. Тој бил дел од парамилитарна организација активна во конфликтите на Балканот.
„Четворицата странци, од нив еден Косовец (37) и еден Македонец (39), протерани се од Италија поради опасност по безбедноста на земјата. Еден од странците е Французин (28) кој го примил радикалниот ислам, додека другиот државјанин на Тунис (45)“- пишуваат албанските медиуми.
Подолго време сго следеле и Французинот затоа што го имало на списокот на лица опасни за безбедноста на земјата.
Косовецот живеел во Болоња, и тој е приведуван поради насилство врз сопругата и децата при што и во затворската ќелија проповедал радикален ислам.
Државјанинот на Тунис исто така бил во затвор каде освен проповедањето радикален ислам бил поттикнувач и на конфликти.