24 Април, 2024
0.0246

Италијанец ја потсети Грета како живеат српските деца на Косово

Објавено во: Свет 28 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Хуманитарецот од Италија, Стефано Павези на Фејсбук објави фотографии од српски деца на Косово со порака до 16-годишната шведска активистка Грета Тунберг.

Тој е и член на Лигата за север во Милано, и вели дека Грета има среќа, затоа што кога таа плаче, светските моќници ја слушаат, додека на овие деца им е одземено детството.

„Драга Грета, ти си благословена да можеш да плачеш и да те слушнат светските моќници и да те пречекаат на големите собири. Благословена си да можеш да патуваш и да преминеш илјада мориња. Благословена си да можеш да плачеш и да кажеш 'ми ги украдовте соништата и детството со вашите празни зборови'. И благословени се оние на кои си им потребна за да веруваат во нешто, за да се почувствуваат како глобални активисти“, напиша Павези.

Меѓутоа, како што вели тој, „во овој момент децата од едно основно училиште во српската енклава на Косово живеат во трошни куќи, опкружени со омразата на оние што сакаат да ги истребат од таа територија, а сепак се смеат најсреќно на свет кога на подарок ќе добијат тетратка што чини половина долар“.

„Бидејќи додека ти, драга Грета, патуваш низ светот, твоите српски врсници на Косово не можат да излезат од својата енклава. А сигурно е дека немаат време да зборуваат во ООН за климатските промени, затоа што треба да работат напорно за да дојдат до храна и нешто да каснат пред да легнат да спијат, затоа што водечките земји-членки на ООН во 1999 година ги бомбардираа нивните домови и им ги убија родителите“, заклучува Павези. 

Овој човек веќе неколку години го посетува Косово како дел од хуманитарната акција за да им помогне на тамошните Срби.

16-годишното девојче од Шведска стана симбол на протестите за заштита на планетата.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството

ЕВРОПА Е КОНТИНЕНТ КОЈ НАЈБРЗО СЕ ЗАГРЕВА: Големи последици за луѓето но и економијата и здравството