Италијански крузер закотвен во Хрватска! Екипажот во изолација поради сомнителни на коронавирус
Објавено во: Балкан 07 Март, 2020
Во Мали Лошињ, во Хрватска, е закотвен италијански брод, чии патници се изолирани бидејќи еден член на екипажот е сомнителен на коронавирус.
Началникот на цивилната заштита на Приморско-горанскиот округ Марко Борас Мандиќ, рекол дека член на екипажот кој има поблаги симптоми на настинка, превентивно е во болничка изолација во Риека од петокот.
Како што рекол, 18 членови на екипажот се изолирани на бродот, што значи дека не смеат да го напуштат бродот во никој случај, ниту пак е доволено доаѓање на други луѓе на бродот, пренесува Индекс.
Во саботата вечерта е соопштено дека пациентот кој бил изолиран сепак не е заразен со коронавирус.
Според неговите зборови, бродот во четвртокот допловил на ремонт во бродоградилиштето а сите патници претходно биле симнати, 40-тина од нив Во Трст. Се работи воглавно за Американци кои преку Италија и Словенија отпатувале за САД.