Италијанскиот суд го рехабилитираше Берлускони, повторно може да се кандидира
Објавено во: Свет 12 Мај, 2018
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, на кој во август 2013 му е одредена забрана на извршување јавна должност поради затајување данок, може повторно да се кандидира на изборите по одлуката на судор во Милано да го „рехабилитира“, пишува денеска весникот Il Corriere della Sera.
Судот во Милано одлучил да го „рехабилитира“ Силвио Берлускони, со што се бришаат сите пресуди за затајување данок од 2013, пишува тој весник чии информации ги пренесоа сите италијански медиуми.
Во саботата не било можно да се контактира миланскиот суд/
Досега на сила била забраната на милијардерот (81) да се кандидира на изборите до 2019, додал весникот кој прецизира дека одлуката е донесена во петокот, месец дена порано од предвиденото.
Во Италија траат преговорите за составување нова влада помеѓу Лига и Движење 5 ѕвезди, два месеци по парламентарните избори на 4 март.