29 Март, 2024
0.0257

Битиќи: Еуроникел Индустри, еден од најголемите извозници во земјава бележи растечко производство и во време на криза

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Заменик на претседателот на Владата Фатмир Битиќи, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции при денешната посета на Еуроникел Индустри ја истакна важноста на големите приватни компании во одржувањето на македонската економија. Посетата на кавадаречкиот комбинат за фероникел беше во насока на информирање за поддршка на компаниите за полесно справување со последиците во време на пандемија.

Во текот на посетата заменик на претседателот на владата, Битиќи беше запознаен со тековните процеси во комбинатот, постигнатите производни резултати како и резултатите од досегашните инвестиции и идните инвестициските планови, а менаџерскиот тим го запозна и со безбедносните протоколи и максималната заштита на вработените при континуирано спроведување на производниот процес.


“Оваа компанија е еден од најголемите работодавачи во Кавадарци и регионот, со околу 1000 вработени лица, која соработува со околу 70-80 транспортни компании од овој регион, ги поседува и сите еколошки дозволи за работа, а е четврта по вредност на извезени производи, со околу 166 милиони евра извоз во 2019 година, и деветта по вредност во остварени приходи во земјата (169,5 милиони евра). Целосно извозно ориентирана компанија, а дополнително е важно што производот кој го извезуваат, тоа е феро-никелот, дава дополнителна, додадена вредност на нашата економија, односно има нето додадена вредност на направениот извоз. И оваа година, и покрај економската криза во целиот свет, успеале да го зголемат производството и да го одржат на исто ниво извозот и бројот на вработени. Тоа е добро за локалната економија, за сите вработени, но и генерално за економијата на Северна Македонија, посебно во ова време на светска криза”, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.


За развојните планови на Еуроникел Индустри и за значењето на компанијата за развојот на домашната економија, како и за надминување на предизвиците со кои се соочува, директорот на Еуроникел Индустри, Герасим Кујунџиев истакна: “Еуроникел Индустри успеа и во време на пандемијата да воспостави безбеден и континуиран производен процес што резултираше со зголемено производство и извоз како продолжување на позитивниот тренд од 2019 година. Кај нас нема намалување на обемот на работа, ниту кратење на вработени или плати, но секако ова е постигнато со енормни напори на сите засегнати страни, од инвеститорите до работниците. Сепак предизвиците се големи при што најзначајна и најпотребна е поддршката од институциите и државните органи да излезат пресрет на приватниот сектор со редовно и доследно исполнување на обврските, затоа што нашиот придонес кон домашната економија е значаен во секој поглед.”

Паралелно со спроведувањето на инвестициските планови и развојот на комбинатот, менаџментот на Еуроникел Индустри подеднакво внимание посветува на вработените создавајќи поволна работна атмосфера, подигнување на стандардот на квалитетот на живот на вработените и професионална перспектива. Истовремено Еуроникел Индустри е поддржувач на локалната заедница преку бројни општествено одговорни активности.


Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра