29 Март, 2024
0.0456

ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

Објавено во: Мои пари 24 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ИутеКредит Европа, водечка европска компанија за лични финансии, по унапредувањето на својата позиција на Регулираниот пазар, е првата компанија од Естонија која влегува во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза. Како дел од Генералниот Стандард, ИутеКредит се обврзува на транспарентност која ќе овозможи бизнис моделот на компанијата да се презентира на што поголем круг инвеститори. Унапредувањето на позицијата на ИутеКредит во рамките на Регулираниот пазар го означува почетокот на проширувањето на бизнис активностите и е дополнителен извор на капитал.

“ИутеКредит веќе ги надмина очекувањата на отворениот пазар пред да биде вклучен во Регулираниот пазар. Дел од нашиот нордиски менталитет е да се биде одговорен пред инвеститорите, и правејќи го тоа компанијата покажува дека нејзиниот бизнис модел е одржлив дури и во време на криза предизвикана од пандемијата со корона вирусот. Сега кога ги исполнивме формалните услови за да бидеме видливи за поголем број на интернационални инвеститори со вклучувањето во Регулираниот пазар, веќе размислуваме за инвестиција во понатамошно проширување на нашите бизнис активности”, изјави Тармо Силд, извршен директор на ИутеКредит Европа.

За ИутеКредит

ИутеКредит е основана во 2008 и е водечка европска компанија за лично финансирање. Преку своите подружници групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити, а користи учество и кредитен капитал. ИутеКредит во моментов ги услужува клиентите на Молдавија, Албанија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина.

До 31ви Март годинава, 300 лица вклучувајќи го и менаџерскиот тим и ИТ тимот, опслужија 150000 активни кредитни клиенти и работеа со база од 430000 корисници.

Кредитните производи на ИутеКредит се необезбедени потрошувачки кредити со рок на отплата помеѓу 1 и 36 месеци и автомобилски обезбедени кредити со рок на отплата до 60 месеци.

Мисијата на ИутеКредит е да создаде исклучително корисничко искуство во личното финансирање преку надминување на очекувањата на клиентите.

www.iutecredit.com

За ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје

ФД Иуте Кредит Македонија ДООЕЛ Скопје е финансиско друштво кое работи врз основа на Решение издадено од Министерството за финансии на Република Македонија бр.13-4845/5 од 24.07.2017 година и е регистриран администратор на лични податоци од Дирекцијата за заштита на лични податоци


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија