29 Март, 2024
0.0280

ИутеКредит купи 10 отсто од акциите на EnergBank Молдавија

Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Естонската финтек компанија ИутеКредит ги купи првите 9,976% од акциите на молдавската EnergBank, што е првиот чекор на компанијата кон станување банка. При трансакцијата на молдавската берза се купени 199.519 акции по цена од 170,44 леи по акција, со вкупна вредност од 1,7 милиони евра.

„ИутеКредитстанува акционерво банката, а како што добро информирани извори веќе открија за молдавскиот печат, ние всушност добивме одобрение од молдавската централна банка за купување на EnergBank. Ќе продолжиме да работиме за да ја постигнеме посакуваната цел“, вели Тармо Силд, извршен директор на IuteCredit Europe.

Според Лилијан Гузун, извршен директор на ИутеКредит Молдавија, вклучувањето на ИутеКредит во EnergBank ќе ја поттикне дигитализацијата на банката преку носење на најдобрите практики од Балтикот и Скандинавија.

Силд смета дека во следните две години компанијата би можела да достигне еден милион клиенти и биланс на состојба од една милијарда евра, а дел од планот е и купувањето на банката. „ИутеКредит мора да стане лесно достапна и брза финтек необанка, парите треба да се движат многу слободно, непречено, како човековиот говор. Во исто време, нашето главно ветување е да понудиме извонредно искуство во личните финансии, така што одржувањето на човечкиот контакт е многу важно во време кога технологијата станува сè поголем дел од нашите животи“, изјави Силд. Покрај купувањето на банката, ИутеКредит планира да ги прошири сите услуги што компанијата ги нуди преку мобилните телефони и да понуди можности за инвестирање.

ИутеКредитво следните години има намера да се прошири и надвор од границитена своите сегашни основни пазари и да го прошири своето портфолио на услуги. „Повеќето од моменталните приходи доаѓаат од рати и кредити, но во иднина дигиталните плаќања би можеле да сочинуваат половина од портфолиото на компанијата“, рече Силд.

ИутеКредит, која е основана во 2008 година, е водечка европска компанија за лични финансии. Групацијата е специјализирана за потрошувачки кредити преку своите подружници кои се 100% во нејзина сопственост. ИутеКредит во моментов опслужува клиенти во Македонија, Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Мисијата на ИутеКредит е да создаде извонредно корисничко искуство во личните финансии преку надминување на очекувањата на клиентите.
www.iutecredit.mk

Комерцијалната банка EnergBank S.A. работи на финансискиот пазар на Република Молдавија веќе 25 години. Во овој период, банката стана една од најдобрите средни финансиски институции во земјата, со вкупна актива од 2,96 милијарди леи (147 милиони евра) до 30.11.2021 година. Со својата широка мрежа од 45 филијали и агенции, банката обезбедува целосен опсег на услуги посветени најмногу на физички лица и мали и средни бизниси, нудејќи финансиски услуги низ целата земја.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија