20 Април, 2024
1.4850

Иванка Василевска: Со задоволство го прифаќам разрешувањето од Пендаровски, датум за милион години

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека со задоволство го прифаќа барањето за нејзино разрешување како претставник на Националниот совет за евроинтеграции од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој на ова место денеска го предложи доцентот Александар Спасов.

Кабинетот на Пендаровски веќе го извести претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Илија Димовски, а Василевска вели дека „ионака Македонија ќе добие датум за преговори по милион години“.

„Секако дека бара и секако дека со задоволство му ја препуштам плодната работа во Националниот совет за ЕУ на Сашко. Со среќа нека е препораката за... па добро, препораката да има препорака дека за милион години ќе добиеме датум  За 27 Април, стојам зад секој збор и верувам дека конечно Рускоска ќе ги најде организаторите и дека ќе има правда, ако не сега, тогаш кога ќе ги вратиме институциите на системот во нормала. Времето е најсилниот адут за жртвените јагниња кои ги пеплосавте за гнасна цел. Да живее Република Македонија, право и правда за сите македонски граѓани!“, напиша Василевска на својот профил на Фејсбук.

За коментарот за 27 април алудираше на критиките во јавноста дека во телевизиско студи додека се одвивал упадот во Собранието инцидентот го оквалификувала како „мирољубив“.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите