01 Јуни, 2023
0.0246

Иванов - Вучиќ: Мора како добри соседи да создаваме добри практики за идните поколенија

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Сите отворени прашања мора да ги разгледуваме преку дијалог и надлежните институции да наоѓаат решенија, рече македонскиот претседател, Ѓорге Иванов по средбата со српскиот претседател, Александар Вучиќ. 

Смета дека како соседи двете држави мора да создаваат добри практики. 

Иванов вели дека средбата била конструктивна и дека се согласиле отворените прашања да не се политизираат.

„Каде настануваат проблемите, таму треба да се наоѓаат и решенијата. Да не ги политизираме и да не им даваме посебно значење на прашањата кои се во надлежност на институциите“ – изјави Иванов.

На средбата е разговарано и за можностите за продлабочување на економската и на трговската соработка, како и за прашања од културата.

„Разговаравме и за прашања од доменот на културата, кои мора да ги регулираме со одбележувања на настани, како што беше одбележувањето на 70-годишнината од доаѓањето на Македонците во Србија што го одбележавме заедно со претходникот на Вучиќ. Тоа беше еден чин на почит. Тие ни посветија внимание и нашите Македонци беа навистина задоволни. Таквите настани ќе продолжиме и во иднина да ги одбележуваме, бидејќи тие ги зближуваат двата народа и придонесуваат кон доверба на двете држави“ – изјави Иванов.

Дијалогот меѓу Македонија и Србија се очекува да продолжи со идна посета на  Вучиќ на Република Македонија.

Иванов претпладнето оствари и неформална средба со досегашниот српски претседател Томислав Николиќ.

Македонскиот претседател вчеравечер во „Палата Србија“ присуствуваше на свеченоста по повод инаугурацијата на новиот српски претседател Александар Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aко нема уставни измени, државата ќе влезе во изолација

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

Змија е фотографирана на паркинг во центарот на Скопје

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

(ВИДЕО) Пристигнаа новите оклопни возила набавени од САД

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Ковачевски: Ако не се случат уставните измени, наместо интеграција ќе имаме изолација

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство ги повика хирурзите да работат во недела за да се намали листата на чекање

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Гостиварец платил 10.000 евра со цел неговото семејство да не дознае дека има љубовница

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип

Благој Бочварски казнет со 150 евра за вработувањето на сопругата и нејзината сестра во болницата во Штип

Османи го нарече Макрон премиер на Франција

Османи го нарече Макрон премиер на Франција

Ковачевски се изгушка со Зеленски во Молдавија

Ковачевски се изгушка со Зеленски во Молдавија