20 Април, 2024
0.0275

ИВАНОВ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ: Историјата ги презира страшливите и поткупливите

Објавено во: Финансии 23 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Народот секогаш ги слави храбрите, а историјата ги презира страшливите и поткупливите, наведува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во честитката по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба.

Според него, без почит кон минатото, без свој идентитет и самосвест ниту има просперитетна сегашност, ниту ќе има подобра иднина. 

„Секоја генерација има своја борба и свој стремеж. Нашиот стремеж е кон подобар и подостоинствен живот, тука, во Република Македонија. Затоа, да не ја губиме надежта и љубовта кон Република Македонија, бидејќи само како суверена и независна држава таа ќе биде заштитник на нашата слобода и нашето човечко достоинство, се наведува во честитиката од претседателот на Република Македонија“, наведува тој. 

Понатаму се вели дека највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Иванов додава дека само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 

„23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската револуционерна борба за остварување на таа возвишена цел. Пред точно 125 години неколкумина храбри Македонци го формираа Македонскиот револуционерен комитет кој на народот му даде надеж дека со свои сопствени сили може да биде свој на своето. Неброени македонски патриоти ги положија своите животи за остварување на овој идеал, стои во честитката“, пишува во честитката од Иванов. 

Во неа се додава дека денес, нивниот сон за слободна и независна Македонија е реалност. Но,  како што се наведува, слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Затоа, обврска на нашата генерација е да не дозволиме нашата слободна и независна држава Република Македонија да биде обезличена.

„На референдумот одржан на 30 септември народот со негласање јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус. На референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено го отфрли Договорот од Преспа. Собранието на Република Македонија тоа мораше да го земе предвид, но мнозинството народни избраници постапија спротивно на волјата на народот“, смета шефот на државата.  

Вели потребна е храброст за да се истрае во остварувањето на правото на самоопределување и зачувување на суверенитетот и независноста на државата.

Денеска во Македонија е неработен ден за сите граѓани. 

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин