25 Април, 2024
0.0293

Иванов ја предлага Ангеловска-Бежоска за гувернер на НБРМ

Објавено во: Економија 16 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

По најавата на  Гувернерот на НБРМ дека нема да се кандидира за нов гувернерски мандат, шефот на државата ја предложил Анита Ангеловска - Бежоска за негов наследник.

Бежоска, актуелен вицегувернер во НБРМ е новиот предлог на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за гувернер на Народнатa банка на Република Македонија, соопштиле за МИА од кабинетот на шефот на државата кој новиот предлог го доставил денеска до Собранието на Република Македонија.

Претседателот Иванов смета дека Анита Ангеловска-Бежоска, која доаѓа од редот на професионалците и раководните структури на Народната банка на Република Македонија е решение за гувернерската позиција, со кое би се продолжил континуитетот на позитивното работење и успешното водење на монетарната политика на Република Македонија.

Предлогот на претседателот Иванов за Гувернер на НБРМ, Анита Ангеловска-Бежоска е осум години на функцијата вицегувернер во Народната банка на Република Македонија, задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика.

Анита Ангеловска-Бежоска, на предлог на Димитар Богов, гувернерот на НБРМ, на 20 септември 2017 година во Собранието на Република Македонија,  со 97 гласа „за“ беше реизбрана за вицегувернер на Народната Банка.

Од  2004 до 2010 година Ангеловска-Бежоска била главен економист во НБРМ. Воедно, била ангажирана во Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон, во Одделот за макроекономски политики во европските земји и во Одделот за фискални политики. Ангеловска-Бежоска учествувала во повеќе преговарачки мисии на Меѓународниот монетарен фонд за склучување аранжмани меѓу Меѓународниот монетарен фонд и земји-членки. Од 1996 до 2004 таа има богато работно искуство во Министерството за финансии на Република Македонија каде работела на повеќе позиции, од  стручен соработник за финансиски систем, советник за подготовка и извршување на буџетот, раководител на секторот Трезор  до државен секретар на Министерството за финансии. Ангеловска-Бежоска се стекнала со титулата доктор на науки на Економскиот факултет во Љубљана во 2015 година, а темата на нејзината докторска дисертација е „Координација на монетарната и фискалната политика во Република Македонија“, велат за МИА од кабинетот на Иванов.


Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст