Иванов: Македонскиот народ каде и да е да не се плаши
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018
Македонскиот народ каде и да е, да не се плаши, порача попладнево претседателот Ѓорѓе Иванов во своето обраќање до јавноста по повод договорот со Атина за името Република Северна Македонија.
Иванов рече дека нема да потклекне под закани и уцени и дека неговиот став е конечен, дека договорот со Грција е штетен.
„Дали е патриотизам да се менува преамбулата и да се избрише државно правниот континуитет на Република Македонија, Крушевската Република и АСНОМ? Дали е патриотизам бришење на членот од Уставот за заштитата на македонското малцинство во соседните земји? Дали е достоинствено да се информираат сите членки на Обединетите Нации дека сте го промениле уставното име?“- праша Иванов.
Иванов рече дека како претседател на Република Македонија, како и досега, така и во иднина, ќе се залага за изнаоѓање решение кое нема да го наруши достоинството на македонскиот народ.