Ивица Дачиќ му пее на Никос Коѕијас
Објавено во: Балкан 11 Април, 2018
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ на средба со Коѕијас. Нивната официјална средба започна во 10:30 часот.
Тој го прими шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во Вила Мир, а српските медиуми веќе пренесуваат видео на кое може да се слушне дека Дачиќ пее познатата грчка песна.
Коѕијас потоа го замолил да му ја отпее „Тамо далеко“ и рекол дека тоа е најубавата песна на светот, по што Дачиќ му ја исполнил желбата.