29 Март, 2024
0.0263

Иво Лауренчиќ постхумно прогласен за креатор за навек во регионот

Објавено во: Мои пари 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Oсновоположникот на современата македонска креативна и маркетинг индустрија - Иво Лауренчиќ, постхумно е добитник на специјалното признание „Креатори за столетијата“ за особен придонес во промоцијата на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа.

Престижната награда која ја добиваат најзаслужните за развојот на претприемништвото беше доделена во рамките на Самитот на претприемачите од регионот - „300 Најдобри“, што изминатиот викенд се одржа во Дубровник, Република Хрватска.

За доделувањето на наградата одлучува меѓународен комитет од 13 членови, составен од независни експерти од областа на економијата, менаџментот, маркетингот и претприемништвото од:  Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Македонија, Германија, Австрија и Швајцарија. Процесот на селекција на добитниците на награди и признанија трае 20 месеци.


Иво Лауренчиќ е еден од најпознатите експерти за маркетинг комуникации во регионот. Роден е во Шибеник, а целиот свој живот го помина во Белград и Скопје. Добитник е на две награди за животно дело, една во Србија во 2004 година од „Здружението на економските пропагандисти“, основано во 1960 година, и една во Македонија во 2011-та. Во текот на својата богата професионална кариера создаде над 300 комуникациски проекти и над 400 видеоформи во филмската и креативната индустрија, како и креативни и макретинг кампањи за некои од најпознатите домашни и светски брендови и компании. Меѓу останатите проекти, Лауренчиќ е креатор и на првиот промотивен филм за туристичките потенцијали на земјата - „Ден во Македонија“, како и на серијалот од 1.060 емисии „Говорете македонски“. Беше и креатор и реализатор на кампањата за промоција и зачувување на македонското кирилично писмо „Додека пишувам на кирилица постојам“, а воедно со неговиот потпис беа и првите професионални политички кампањи во Македонија и регионот. Искуствата од политичкиот маркетинг, заедно со неговиот тим на соработници, го преточи во книгата „Потрага по глас“, превeдна на српски и македонски јазик, со каталогизација во конгресната библиотека во Вашинтон. Сакајќи да ги поттикне и другите уметници и креативци да создаваат свои сопствени дела ја режираше култната театарска претстава „Кутрите мали хрчки“, како и серијата „Од денес за утре“ која се емитуваше во Македонија во 16 епизоди. Основач е и на првата макертинг-агенција во независна Македонија „Идеа Плус“.

Во негова чест, во 2014-та година е формирано „Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови, што претставуваше и една од неговите основни животни мисии.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија