20 Април, 2024
0.0391

ИВЗ побара извинување од Заев

Објавено во: Македонија 24 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Владата на чело со премиерот Зоран Заев изврши упад, пуч во Исламската верска заедница, обвини Муарем Вејсели од ИВЗ по решението на судот со кое се менува досегашниот Реис Сулејман Реџепи, а на негово место е именуван Скендер Бузаку.

Вејсели на денешната прес-конференција рече дека решението на судијката е скандалозно и донесено е врз основа на фалсификувани документи и обвини дека зад оваа судска одлука стои Заев. 

„Судијката Сузана Дончевска има донесено решение за смена на поглаварот на ИВЗ и именување  друг врз основа на фалсификувани документи. Толку наивна судијка, донела решение со фалсификати и тоа се гледа од Јупитер. На оваа власт ѝ требаат вакви скандали за да ги покријат нивните скандали и незадоволството на граѓаните. Владата во име на една судијка изврши пуч во ИВЗ. Ова е пуч од Зоран Заев”, изјави Вејсели. 

Тој тврди дека тие како членови на Ријасетот воопшто не биле информирани дека Реџепи си дал оставка и дека воопшто не била одржана вонредна седница за смена на Реисот. Оние кои биле потпишани на записникот тврди дека не биле членови на Ријасетот, ниту вработени во ИВЗ.

„Судијката веќе доставила и барање за смена на раководството и во Централниот регистер. Дали имаме работа со правда, ова се ненормални судии, тие треба да бидат во зоолошка“, вели Вејсели.

Тие ги отфрлаат одлуките на судот и тврди дека со ова е направен упад во автономијата на ИВЗ.

„Бараме од владата на Зоран Заев да се извинат. Ова на премиерот не му се простува, треба да биде внимателен што прави со политичките хулигани околу него. Ние како ИВЗ сме спремни да се соочиме јавно со Владата на Заев“, порача Вејсели.

Според него, „во оваа влада може да има сѐ, но само судство не може да има”, како и дека покорумпирано судство од ова немало во историјата, од 1991 година па наваму. 

„Го споменуваме Заев, го споменуваме и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а директорот за односите со верски заедници не го признаваме“, изјави Весели.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра