ИЗБЕГНА СМРТНА КАЗНА, ЌЕ БИДЕ ДОЖИВОТНО ВО ЗАТВОР: Екс-полицаец призна низа убиства и силувања
Објавено во: Свет 30 Јуни, 2020
Џозеф Џејмс де Ангело, познат како Голден Стејт убиецот, поранешен полицаец, вчера на судското рочиште признал 13 убиства, педесетина силувања и повеќе упади во домови во период од 11 години во 70-тите и 80-тите години во Калифорнија, САД.
Со цел да се заштити од смртната казна, тој ја признал вината во договор со обвинителите и при тоа признавал сите дела кои ги сторил во 11 калифорниски окрузи.
Според договорот, кој вчера беше презентиран пред судот, Де Ангело се соочува со доживотна затворска казна, без можност да биде помилуван.
-Признавам, било се што кажал во судницата седнат во инвалидкс аколичка, додека обвинителите ги изнесувале сите за убиствата, силувањата и упадот во домовите. Освен што убил 13 лица, обвинителите открија оти извршил речиси 50 силувања и повеќе од 120 пати провалил во нечиј дом. Низата на злосторства која траела од 1975 до 1986 година ја започнал работејќи како полицаец во два калифорниски града. Неговото апсење во 2018 година стави крај на 40-годишната истрага.