Избегнувајте го овој граничен премин ако патувате кон Бугарија
Објавено во: Македонија, Балкан 06 Јуни, 2019
Затворен за сообраќај е граничниот премин Ново Село-Златарево, поради пожар што избувнал на бугарска страна, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Пожарот избувнал на самиот граничен премин, околу 16 часот. Според Царинската управа, прекинот или забраната за товарен сообраќај ќе трае неколку дена, но засега нема поконкретни информации поради големината на пожарот.
МВР извести дека за патување во Бугарија треба да се користат останатите гранични премини. Преминот Ново Село-Златарево близу Петрич ќе може да се користи повторно откако за тоа ќе има известување од бугарска страна.
Бугарските медиуми пишуваат дека пожарот избувнал поради спој на електричните кабли при што се запалила административната зграда.