Избори 2019: Кандидатите со нови митинзи-Каде ќе имаат средби со граѓаните денеска?
Објавено во: Македонија 10 Април, 2019
*Трет ден од втората недела на изборната кампања.
Кандидатите за претседатели на државата и денеска ќе одржуваат средби со граѓаните.
Кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски ќе митингува во Јегуновце, Теарце, Брвеница а централниот митинг ќе го има во Тетово.
Гордана Силјановска денес ќе има средби во скопските општини Бутел и Карпош а Блерим Река кој е кандидат на албанските опозициски партии Беса и Алијанса за Албанците прво ќе има средба со докторите од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, почнувајќи од канцеларијата на д-р Арбен Таравари, во Оддел на неврофизиологија и средба со граѓаните во Брвеница.
Засега пораките кои ги испраќаат кандидите секојдневно се со иста конотација но со зголемена фрекфенција на гафови.