24 Септември, 2021
0.0201

ИЗБРАН НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР - Владимир Бошковиќ на чело на Сбербанк Србија

Објавено во: Финансии 24 Јуни, 2021

Владимир Бошковиќ, сегашен член на Извршниот одбор задолжен за корпоративно банкарство и глобални пазари, ќе биде назначен за нов претседател на Извршниот одбор на Сбербанк Србија.

Бошковиќ ќе ја преземе својата нова позиција на 1 август 2021 година и ќе ја наследи Маријана Василеску, која ќе стане претседател на Извршниот одбор на Сбербанк Чешка.

“За мене е голема чест да ја преземам исклучително одговорната позиција на претседател на Извршниот одбор на Сбербанк Србија. Моја желба е нашата банка да продолжи со развој на своите услуги и нивно натамошно дигитализирање и во наредниот период, обезбедувајќи модерни и квалитетни банкарски услуги на сите клиенти“, потенцираше Владимир Бошковиќ по повод именувањето за нов претседател на Извршен одбор на Сбербанк Србија.

„Би сакал да и се заблагодарам на Маријана за нејзиното исклучително управување со Банката во изминатите години, како и за силниот придонес кон одличните финансиски резултати и континуираниот развој на Сбербанк Србија. Драго ми е што позицијата претседател на Извршниот одбор во Србија ја презема Владимир Бошковиќ и што нашата банка во Србија ќе го продолжи својот успешен бизнис. Владимир е исклучително посветен менаџер со постојан фокус на градење тимски дух и развој на вработените. Убеден сум дека Владимир и неговиот тим ќе продолжат да спроведуваат одлични иницијативи кои ќе придонесат за натамошно зајакнување на нашата позиција на пазарот и подобрување на бизнисот во Србија“, рече Соња Саркози, претседател на Извршниот одбор на Групацијата Сбербанк Европа.

Можеби ќе ве интересира

ЗА КАФЕТО ЌЕ ПЛАТИТЕ 40 ДЕНАРИ: Ова е најевтиниот град во Европа

ЗА КАФЕТО ЌЕ ПЛАТИТЕ 40 ДЕНАРИ: Ова е најевтиниот град во Европа

АКО ОПШТИНАТА Е ФИНАНСИСКИ НЕСТАБИЛНА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕМА ДА СМЕЕ ДА ТРОШИ - а државата ќе се задолжи за да ја спаси

АКО ОПШТИНАТА Е ФИНАНСИСКИ НЕСТАБИЛНА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕМА ДА СМЕЕ ДА ТРОШИ - а државата ќе се задолжи за да ја спаси

Регулација на крипто-средствата: Дали оданочувањето може да го забрза процесот на општо прифаќање?

Регулација на крипто-средствата: Дали оданочувањето може да го забрза процесот на општо прифаќање?

Creative Hub победи на Global Fundraising Stage Miami 2021

Creative Hub победи на Global Fundraising Stage Miami 2021

АПАСИЕВ ОБВИНУВА ДЕКА СДСМ ОД НИВ ЈА ПРЕКОПИРАЛЕ ИДЕЈАТА ЗА КАМАТИТЕ - ова е прв чекор кон кршење на прангите на должничкото ропство

АПАСИЕВ ОБВИНУВА ДЕКА СДСМ ОД НИВ ЈА ПРЕКОПИРАЛЕ ИДЕЈАТА ЗА КАМАТИТЕ - ова е прв чекор кон кршење на прангите на должничкото ропство

НБМ НЕ ЈА МЕНУВА КАМАТАТА, ТАА ОСТАНУВА 1,25 ОТСТО - и покрај тоа што инфлацијата е повисока од очекувањата

НБМ НЕ ЈА МЕНУВА КАМАТАТА, ТАА ОСТАНУВА 1,25 ОТСТО - и покрај тоа што инфлацијата е повисока од очекувањата

Генерали инвестментс: Меѓу регионите, Европа се издвојува според атрактивноста, но потребна е претпазливост пред изборите во Германија

Генерали инвестментс: Меѓу регионите, Европа се издвојува според атрактивноста, но потребна е претпазливост пред изборите во Германија

Повторно расте вредноста на биткоинот

Повторно расте вредноста на биткоинот