Добивај вести на Viber
Собранието вчера ги избра замениците министри во Владата, по што во владината коалиција ќе се договорат и кадровските решенија за директорските места во државните институции. Веќе имаше информации за тоа која партија каде ќе влезе. Од извори во ДУИ дознаваме дека персоналните решнија за директорските места се во фаза на финализација.
Сепак неофицијално ова се имињата - Фестим Халили, досегашниот директор на Македонски Железници ќе биде директор на Агенцијата за електронски комуникации.
Фатон Положани е избор за директор на Македонски Железници, додека Ејуп Рустеми, досегашниот директор на Пошта на Северна Македонија ќе седне во фотелјата на Зоран Китанов во Агенцијата за државни патишта. Според информациите, Беким Мемети ќе биде директор на Македонија Пат, а Фатон Ахмети ќе биде директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Нашите извори велат дека Дритон Кучи ќе го земе местото на Арафат Муареми во Управата за финансиска полиција, додека Авни Рустеми ќе биде директор на Агенцијата за млади и спорт.