28 Март, 2024
0.0255

Издадено предупредување за можни терористички напади за време на Евровизија

Објавено во: Свет 14 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Можни се терористички напади во Израел за време на Евровизија.

Американската амбасада во Израел објави безбедносно предупредување до сите американски граѓани во земјата.

Предупредувањето е објавено синоќа, пред годишнината од отворањето на американската амбасада во Ерусалим, кое се совпаѓа со неделата на натпреварот за песна на Евровизија.

Ги повикаат Американците да бидат внимателни и да не патуваат во области што биле цел на ракетен напад од Појасот Газа во неодамнешната ескалација на насилството меѓу Хамас и израелската армија.

„Терористичките групи може да ја изберат годишнината, која се совпаѓа со евровизискиот натпревар (14-18 мај) во Тел Авив и Денот Накба (15 мај) за вршење напад или насилни протести“, стои во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Амбасадата.

Во Израел на 12 мај официјално е отворена неделата на Евровизија во Тел Авив и илјадници полицајци, болничари и друг персонал се сместени во Евровизиското село затоа што се очекува 300.000 луѓе да го посетат градот.

Палестинските фракции во Газа мобилизираат луѓе за марш кон границата на Израел на 15 мај, кога Палестинците ја одбележуваат Накба („катастрофа“), како што го нарекуваат создавањето на Израел во 1948 година. 

Палестинското движење Исламски џихад од Појасот Газа на 5 мај се закани дека ќе го спречи одржувањето на изборот за Песна на Евровизија.

Можеби ќе ве интересира

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

„АЕРОДРОМИТЕ ОД КОИ ПОЛЕТУВААТ АВИОНИТЕ Ф-16 ЌЕ БИДАТ НАША ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ“ - Путин тврди дека не планираат војна со НАТО

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

Уште двајца починати и 100 хоспитализирани во Јапонија од диететски додаток

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ПРЕЖИВЕАЛ ТРИ ОБИДИ ЗА АТЕНТАТ: Израелските сили потврдија дека елиминирале висок командант на Хамас

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

ДОМАЌИНСТВАТА ФРЛААТ НАЈМНОГУ: Светот фрла 19 отсто од храната, а 783 милиони луѓе гладуваат

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

СОРАБОТУВАЛЕ СО РУСИЈА: Украина уапси агенти

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

ЗАГИНАА 140 ЛУЃЕ, ПОВРЕДЕНИ СЕ 360: Колку луѓе се водат како исчезнати по нападот во Москва?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

МАСАКР ВО МОСКВА: Терористите добиле инструкции кога патувале за Турција?

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин

ПОДДРШКА ЗА УКРАИНА: Десетици нобеловци го повикаа светот да ја засили борбата против Путин