23 Април, 2024
0.0326

Издавачката куќа „Арс Ламина“ повторно со најмногу награди од Македонската асоцијација на издавачи

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Со освоени шест награди, од кои две први, три втори и едно трето место, издавачката куќа „Арс Ламина“ се закити со најмногу признанија на годинашното доделување на престижните книжевни награди на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ).

„Арс Ламина“ освои две први места: во категоријата за поттикнување на општествена одговорност, за проектот „Марко Цепенков – одбележување на стогодишнината од неговата смрт“, како и во категоријата за иновативност, за едицијата: Македонски книжевни класици.

На листата со признанија се и двете награди во категоријата за најдобра едиција: второ место за едицијата „Читанки“ и трето место за едицијата „Во еден здив“. Основен критериум за оценка во оваа категорија се уредничкиот пристап и унифицираноста на едицијата, но и естетиката.

Сликовницата „Мирко Немирко“, од авторката Ана Ѓокиќ и илустраторот Ване Костуранов, освои второ место во категоријата за најдобро ликовно-графички уредено издание, што се доделува за оригинален дизајн на корица и/или внатрешно уредување.

Интерактивната книга „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ, пак, е второ место во изборот за најдобра книга за деца и млади. Ова признание се доделува за оригинални изданија или адаптации, при кои е видлива заслугата на издавачот за нивниот краен изглед и содржина.

– Наградите на МАИ се од големо значење за нас како издавачка куќа, бидејќи се достоен показател за квалитетот и креативноста во објавувањето книги кај нас. Со нив се подигнуваат критериумите и се поставуваат нови, современи стандарди во издаваштвото кај нас. Се гордееме со нашите изданија и автори кои добија признание оваа година, но и со тие што влегоа во конкуренција, но не беа меѓу наградените. Им честитаме на сите писатели, илустратори, дизајнери и уредници, кои беа дел од наградените проекти, и им посакуваме уште многу успешни соработки и дела. Драго ни е што МАИ и оваа година ја препозна и ја вреднува нашата заложба, труд, иновативност, книжевна, но и општествена одговорност како издавач, и ги награди нашите изданија и проекти. Во манир на нашето мото на годинашниот Саем на книгата, „Овде книгата греит душата“, би рекла дека сѐ додека создаваме дела во љубов, сè дотогаш тие ќе ја греат душата на читателите. Ќе продолжиме со нашата заложба, квалитетните изданија да ги правиме подостапни до публиката, притоа задржувајќи ги нашите високи стандарди за содржина, дизајн и мисија на книгите – изјави Бранка Бугариска, директорка на издаваштво во „Арс Ламина“.

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ)  доделува признанија за најдобрите изданија, автори и издавачи кои го одбележаа периодот меѓу двата саема на книгата. Во рамките на Саемот на книгата 2021 беа врачени признанија во осум категории. За наградите одлучуваше стручно жири во состав: Елизабета Баковска, писателка и книжевна теоретичарка, Александар Маџаровски, книжевен видеоблогер и Дејан Џолев, графички дизајнер.

Изминативе години „Арс Ламина“ во континуитет добива признанија од МАИ.  Минатата година исто така доби шест награди: првите места во категориите „Најдобра едиција“ и „Најдобро ликовно-графичко уредено издание“ за едицијата „Македонски книжевни класици“, додека кампањата „Читањето е супермоќ“ беше наградена со специјално признание за промоција на читачката култура. Се најде и на второто место за признанијата за општествено-одговорните проекти, како и за иновативност и на третото место во категоријата „Најдобро ликовно-графичко уредено издание“ за сликовницата „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа

Со спектакуларна забава Grand Casino Admiral ги отвори вратите за љубителите на игри на среќа