25 Април, 2024
0.0360

Изетбеговиќ вели дека ќе го признаат Косово, Србите ќе свикаат Совет за безбедност

Објавено во: Балкан 13 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ тврди дека БиХ ќе ја признае еднострано прогласената независност на Косово. 

Тој вели дека досега веќе требале да го направат тоа.

На директно прашање, дали Босна и Херцеговина ќе ја признае независноста на Косово, Изетбеговиќ кратко одговорил: „Да“.

„Што се однесува до мене, Косово би требало да биде признаено. Сега ќе се налутат нашите колеги, а нашите обиди тоа да се случи, само ни донесоа проблеми внатре во БиХ, а не му помогнаа на Косово“- рекол Изетбеговиќ во интервју за Дојче веле.

Додава дека сега е во добри односи со сите политички лидери во Санџак, но дека не е задоволен од положбата на тој регион во Србија, кој е населен од мнозинство Босанци.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ изјави дека очекува српскиот претседател Александар Вучиќ, во наредните 48 часа, да свика Совет за национална безбедност, за да разгледа какви чекори ќе преземе во иднина и какви ќе бидат односите кон Босна и Херцеговина, по изјавата на Изетбеговиќ.

„Би сакал тоа да не е точно и да се работи за лоша интерпретација на изјавата на Изетбеговиќ, бидејќи, ако е вистина, тоа е еден од најтешките удари, што можат да ѝ бидат нанесени на Србија од една соседна земја. Не знам дали Изетбеговиќ разбира колку ги комплицира и усложнува ситуациите во регионот, не само односите меѓу двете земји, туку и меѓу двата народа. Особено по сите позитивни сигнали, кои претседателот и владата на Србија ѝ ги пружија на БиХ, по сите позитивни работи што ги направивме во меѓународната соработка“- нагласи Стефановиќ за „Вечерње новости“.

Вели дека тоа не може да биде ниту добронамерно, ниту позитивно во односите меѓу Србија и БиХ.

Можеби ќе ве интересира

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци