Изгласани измените на закони договорени на лидерска средба
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2018
Собранието вечерва ги донесе измените на Законот за финансирање на партиите, Законот за Влада и Изборниот законик. Законите беа изгласани со по 102 гласа „за“ и ниту еден „против“.
Ниту еден од пратениците не се јави за збор, ниту пак предлагачите ги образложија предложените измени.
Овие законски измени ги договорија партиските лидери на лидерските средби, а Собранието ги изгласа.