ИЗГОР СКАПО: Брачен пар откри колку платил за ручек на Миконос
Објавено во: Балкан 05 Август, 2022
Млад брачен пар за ручек „од нога“ на Миконос платил над 400 евра.
Станува збор за двојка од Канада која заминала на меден месец, а меѓу дестинациите кои ги посетиле биле Грција и островот Миконос.
Алекс и Линдзи Брин од Торонто нарачале едно пиво, коктел и десетина остриги и за сето тоа платиле повеќе од 400 евра. Тие го споделија своето искуство за да ги предупредат другите луѓе.
Парот три седмици патувал низ Европа и тврдат дека никаде не сретнале толку високи цени.
„Бевме шокирани, особено затоа што имавме навистина добри оброци во Италија. Во просек потрошивме околу 120 евра за целосна вечера со неколку коктели и мезе. Подготвени сме да потрошиме кога е оправдано, но ова време не беше. За среќа, имавме пари“ – рече таа.
Споменатиот ресторан „DC Oyster“, извесен Димитриос Каламарас објасни дека има работа со „инфлуенсери кои се обидуваат да добијат бесплатен оброк“.