Изгоре фарма во Брвеница
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2018
Во тетовското сeло Брвеница во свињарската фарма на Д.Ј (29) вчера попладне избувнал пожар, кој ја зафатил дрвената конструкција од фармата.
Причина за пожарот е дефект на агрегат за производство на електрична енергија, велат од полицијата.
Пожарот е изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна екипа од Тетово.