Изгоре камион полн со хартија
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021
Kамион утрово изгоре кај Неготино.
За МИА, Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица објасни дека пожарникарите со две противпожарни возила најбрзо што можат интервенирале на местото на настанот.
„Дополнителна несреќна околност беше што камионот, со македонски регистарски ознаки, бил полн со хартија. Тоа допринело огнот кој првично се јавил кај моторот, уште повеќе да се разгори“, вели Илиев.
Причинета е материјална штета, а дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот.