19 Април, 2024
0.0283

Изгоре ли Тевдо во борбата за социјалдемократијата?

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Тевдовски беше човек што не тактизираше. Имаше храброст која оставаше впечаток на крајна тврдоглавост да спроведе чекори за кои други „измачкани“ политичари не ни помислуваа. Тој веруваше дека реалокацијата на општественото богатство е основна обврска на државата која во крајна линија водена од битовата социјалдемократска премиса треба да земе од богатите и да врати на сиромашните. Така и делуваше. Секогаш имаше отворена јавна поддршка од Заев и сега е единствен министер на СДСМ кој го фати метлата. Можеш ли да бидеш „хард кор“ социјалдемократ во Влада што ја водат двајца крупни капиталисти?

Драган Тевдовски, повеќе не е министер за финансии и тоа е веќе стара вест. Млад, амбициозен, со изразит „хард кор“ социјалдемократски пристап во формулацијата и операционализацијата на фискалните мерки, докажан во својата професија, но неискусен во политиката. Тврд во ставовите, делуваше како професор, а не како министер – политичар. Од тоа што го видовме во списокот на премиерот Зоран Заев изненадување за јавноста е тоа што најавата за големата метла се сведе само на промена на Драган Тевдовски. Но тоа е политика. Таа не е емпирија и тука нема научно докажување на тези. Се се сведува на артикулација на интереси во краткорочен или дневнополитички контекст.

По што ќе го паметиме Тевдовски?

Тевдовски ресорот за финансии, круцијален по својата важност заедно со внатрешните работи, го водеше две години. Во тој период овој човек спроведе неколку суштински важни работи кои засегнаа широк круг на граѓани. Тевдовски во спроведувањето на своите мерки секогаш ја имаше јавната поддршка на премиерот Заев. Но јавноста не беше секогаш воодушевена од тоа што го прави. Тевдовски веруваше дека неговите мерки ќе доведат до многу поправедна реалокација на средствата што ги собира државата и ги враќа назад на граѓаните. Сега Тевдовски е единствениот министер на СДСМ кој е сменет и излезе дека не ја работел добро својата работа.

Тевдовски беше жесток критичар на финансиската политика на ВМРО ДПМНЕ. Често знаеше да ги окарактеризира нивните буџети како мегаломански и како генератори на корупцијата. По превземањето на министерското место Тевдовски ги направи двата најголеми буџети во историјата на нашата земја. Сами можете да ги споредите бројките за 2018 и за 2019 година со тие за претходните години. Во последните две години не видовме драстични економски промени на позитивно. Дури и никакви позитивни импулси од аспект на влијаението на овие буџети врз БДП.

Го критикуваше задолжувањето на претходните влади на ВМРО ДПМНЕ на домашниот пазар на капитал. На почетокот на својот мандат започна да врши ре-структуирање на долгот и краткорочните записи и делумно среднорочните обврзници ги заменуваше со долгорочни должнички државни инструменти. Еве го резултатот: државниот долг во хартии од вредност кон крајот на март лани беше 1,5 милијарди евра, а државниот долг во хартии од вредност на 19 јуни е 1,63 милијарди евра. Значи 120 милиони евра повеќе од март лани.

Во меѓувреме Тевдовски градеше имиџ на „хард кор“ социјалдемократ за што влегуваше во конфликти со свои колеги од владата. Неговата интенција беше „да земеме од богатите и да дадеме на сиромашните“. Воведе ставка од 15 отсто данок на капитална добивка на акции со кои се тргува на Македонската берза за хартии од вредност. Иако оваа категорија претходно не се оданочуваше со цел стимулација на тргувањето. Го зголеми данокот на дивиденда за 50 отсто со што од почеток на годинава на сите дивидендни приноси имателите на акции плаќаат 15 отсто на основицата наместо 10 отсто како што беше случај до крај на 2018 година. Имаше интенција во блиска иднина да воведе данок и на каматите на депозити и орочени штедни влогови.

Најголема врева се крена кога иницираше прогресивно оданочување. Воведе формулација ДДВ обврзници за физички лица кои имаат приходи кои се поголеми од тоа што се некакви просеци во земјава. Тоа погоди многумина влијателни и имаше дебати и отворен револт во јавноста. Сепак прогресивното оданочување се воведе и теоретски  - сега тие што заработуваат повеќе ќе плаќаат повеќе данок од оние што заработуваат помалку.

Акцизата на дизелот се зголеми за 24 отсто. Ова беше предлог на Тевдовски прфатен од Заев. Дизел горивата поскапеа за 3,5 денари за литар. А тој тврдеше дека тоа е европска мерка со која ќе се намали користењето на дизел горивата и дека целта е да се намали загадувањето така што ќе се намали потрошувачката на дизел горива, а не да се полни повеќе буџетот. Година и половина по нејзиното воведување, граѓаните трошат повеќе дизел горива, а приходите во буџетот по основ на акциза и на ДДВ од таа акциза на дизелите се поголеми од планираните.

За неговите потези најдобар судија ќе биде времето. Но отворено му честитаме на Тевдовски затоа што имаше доблест и успеа веб страницата на Министерството за финансии да ја претвори во квалитетна база на јавно достапни податоци.

И на крај, како што пред две години праша еден левоориентиран политичар: има ли капацитет да спроведе социјалдемократски реформи Влада предводена од дваја крупни капиталисти?

Жртва ли е Тевдо на неговото политичко неискуство? 

A.K.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите