19 Април, 2024
0.0251

ИЗЛЕГОА УШТЕ ВИДЕА ЗА МАЈКАТА МОНСТРУМ - децата ги тепала и ги заклучувала во кујна додека во посета и бил непознат маж

Објавено во: Балкан 25 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Првото рочиште по тужбата на таткото А.С.(32) од Србија, по кривичната пријава на полицијата и обвинителството против неговата сопруга Н.С. поради брутално малтретирање на неговите две мали деца, ќе се одржи денеска во 13 часот во Основниот суд во Лесковац. Пријателите на сопругот, кои пред судењето како доказ поставија две страшни снимки на кои се гледа како жена тепа девојче и момче на возраст од 6 и 4 години, велат дека има повеќе снимки со уште пострашни детали, иако тој самиот тврди дека тоа не е вистина, пишува Блиц.рс.

Меѓутоа, пријателите на таткото велат дека на една од снимките се гледа како непознат маж влегува во спалната соба, а мајката насилно ги турка децата во кујната, ја заклучува вратата и потоа води љубов со него. На друго видео, таа наводно води еротски разговор за видео повик со непознат човек додека нејзините деца спијат во кревет со неа, а кога еден од нив ќе се разбуди, таа го удира детето со тврд предмет по главата.

Не се знае точно кога овие снимки се направени од спалната соба и зошто А.С. поставил видео надзор во сопствената куќа, но од лесковачката полиција за Блиц.рс велат дека тој првпат во полиција поднел кривична пријава против сопругата на 5 ноември годинава, истиот ден кога неговата сопруга поднела кривична пријава против него за семејно насилство. 

„Тоа беше лажна пријава“, тврди А.С. за Блиц.рс, а како доказ, велат неговите пријатели, приложил видео на кое се гледа како, всушност, сопругата го тепа.

Да потсетиме, застрашувачкото насилство што се случуваше во Лесковац изминатите месеци беше откриено само благодарение на безбедносните камери поставени во собите. Иако на снимката јасно се гледа како женско лице, наводно мајка, крвнички се изживува над дфве мали деца, и ги фрла како платнени кукли низ собата, пред судот има барање видеото да се исклучи од постапката што против неа ја покрена таткото на децата А.С.(32) .

Валиден доказ може да биде само валидна видео снимка од видео надзорот што постои во објектот, а кој треба обвинителството да го утврди во текот на постапката и преку информатичарите да го пријави тоа видео, дали навистина е од тој датум и дали е на за него лик кој се товари за кривично дело семејно насилство“, изјави за локалните медиуми Драган Младеновиќ, адвокат на Н.С.

Извор и фото: Блиц.рс

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот