29 Септември, 2024
0.0255

Минчо Јорданов влегува во производство на струја од биомаса! Партнери платија 737.000 евра за акции во „Вардар Градско“!

Објавено во: Економија 30 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во близина на „Вардар Градско“ во тек е изградба на постројки на централа за електрична енергија од биомаса. Вносен бизнис за кој има гарантирана цена за откуп на струја во период од најмалку 15 години по цена од 180 евра за мегаватчас. Достапни информации говорат дека сопственик на новата централа за проиводство на струја е токму земјоделскиот комбинат „Вардар“. Проектот е вреден 14 милиони евра

Земјоделскиот комбинат „Вардар“ од велешко Градско, доби нов косопственик. Партнер на Минчо Јорданов во акционерската структура на агро комбинатот „Вардар“ од Градско ќе му биде фирма „Грининг“. На Македонската берза за хартии од вредност е реализирана една трансакција во која се продадени 345.900 акции со право на глас во комбинатот. Вредноста на трансакцијата е 737.000 евра, а за секоја акција се платени 131 денар.

Според актуелната структура на сопственици во „Вардар Градско“ има 105 акционери. Од нив две се домашни фирми, една странска и 102 домашни физички лица. Доминантни акционери се домашното консалтинг друштво Вириди Инвест ДООЕЛ (сопственик на компанијата е Никола Деребанов) со 76 отсто од акциите и странската компанија Репро Оне ЛТД со 23,72 отсто од акциите. Едно домашно лице има 0,1 отсто од акциите и 102 домашни физички лица имаат 0,26 отсто од акциите.

Неофицијални информации говорат дека Репро Оне ЛТД – фирма што се поврзува со домашниот бизнисмен Минчо Јорданов е продавач на акциите во агро комбинатот. Идната недела во јавно достапната база на податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност ќе има достапни податоци за промената во акционерската структура.

Овој земјоделски комбинат досега беше капитално поврзана компанија со винаријата „Стоби“ и со лозарскиот комбинат „Црвени брегови“ од Неготино.

Особено актуелен ЗК „Вардар“ од  Градско беше по информацијата дека ќе гради нова гасна централа за производство на струја која како гориво ќе користи метан добиен од биомаса. Неофицијално дознаваме дека во близина на комбинатот во Градско во тек се градежни работи за новата постројка. Во објектите ќе се складира биомасата од која треба да се произведува погонското гориво што ќе ја загрева водата што ќе произведува електрична енергија. Според официјалната тарифа која е достапна на сајтот на Регулаторната комисија за енергетика повластените производители на струја кои користат биогас или биомаса за струја наплаќаат 180 евра за мегаватчас.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи