23 Април, 2024
0.0258

Изложба на креативните акции кои го менуваат општеството на подобро

Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Преку изложени фотографии, реквизити, транспаренти и други елементи кои биле дел од различните граѓански акции за промени во општеството во земјава во изминатите десетина години, изложбата насловена „Креативен активизам“ го прикажува еволутивниот развој на овој вид активности во земјава. Изложбата, која беше отворена синоќа во мобилната галерија во Паркот на Франкофонијата во Скопје, на едно место ги собра учесниците и организаторите на креативните граѓански акции, различните граѓански здруженија, но и сите љубопитни граѓани кои сакаа да ја видат спрегата на уметноста и активизмот и промените што таа ги иницира во општеството.

Изложбата е дел од програмата за одбележување на 25-годишнината од основањето на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Како што истакнуваат организаторите на изложбата, таа го отсликува креативниот активизам во Македонија кој почна со мали, безопасни, но исклучително креативни акции пред десетина години и кои означија нова ера на граѓанскиот активизам во Македонија. Во рамки на оваа изложба може да се видат фотографии и реквизити од протестот против изградба на црквата на плоштадот „Македонија“ во Скопје, протестите против полициската бруталност кои почнаа по убиството на Мартин Нешкоски, акцијата „Го сакам ГТЦ“ насочена против менувањето на ликот на Градскиот трговски центар во Скопје, Шарената револуција и многу други помали и поголеми акции и активности.

На оваа изложба посетителите може да се информираат и за многубројните здруженија, коалиции и иницијативи кои со своите активности придонесуваат за различни промени во општеството, како што се неформалната група Прва архибригада (ПАБ) којаго крена својот глас против штетните урбанистички промени и архитектонски тенденции промовирани од Владата преку проектот „Скопје 2014“, иницијативата „На точак“ насочена кон подобрување на велосипедската инфраструктура во Македонија, еколошката акција „Скопје смог аларм“ која се бори против аерозагадувањето во Скопје, коалицијата „Маргини“ чии активности се насочени кон подобрување на правата на маргинализираните групи во земјава и др.

- Целта на оваа изложба е да ја прикаже креативната страна на граѓанскиот активизам и неговата еволуција, со која активистите мораа да се служат за да ги анимираат јавноста и медиумите, да ги мобилизираат свесните и да ги освестат неосвестените – велат организаторите на изложбата.

Изложбата „Креативен активизам“ ќе биде поставена во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонијата и во следните неколку денови.  

Можеби ќе ве интересира

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

IQOS караванот пристигна во Струга

IQOS караванот пристигна во Струга

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА

МАРТИН И ДАРКО ШАМПИОНИ ПО ДОБИВКИ НА 2win.мк ЗА ИЗМИНАТАТА НЕДЕЛА