29 Март, 2024
0.0264

Изложбата Јапонија на Дејан Колевски во НЛБ Галерија

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

На 16.5.2019 година во 20 часот во НЛБ Галерија ќе биде отворена изложбата на фотографии од Дејан Колевски насловена како „Јапонија“.

Изложбата е составена од четириесеттина уметнички фотографии. За кои самиот автор вели:

„Изложените фотографии, изработени во црно-бела и колор техника, се од Јапонија каде што во текот на мај 2016 престојував во градовите Токио, Јокохама, Осака, Кјото и Каназава.

Јапонија ја посетив како турист без некоја однапред подготвена агенда за посета на места и знаменитости. Имав план само кои градови ќе ги посетам во текот на престојот од две недели. Уште пред да го планирам патувањето имав прочитано повеќе текстови и книги на тема Јапонија па мислев дека сум добро подготвен за допир се една различна култура. Сепак, Јапонија е сосема поинаков свет од оној во кој живееме, а тоа се сфаќа брзо по пристигнувањето. Тоа е земја на контрасти, а споевите или судирите меѓу традиционалното и модерното можат да се видат насекаде, почнувајќи од облеката на луѓето до архитектурата. Се надевам дека изложените фотографии на посетителите ќе им доловат дел од прекрасната Јапонија.“

Дејан Колевски се заминава со фотографија од 1998 година и е активен член на Фото Сојузот на Македонија (ФСМ). Автор е на 4 изложби „Места и моменти“ Мај 2005, КЦ “Точка“, Скопје; „Мотиви од Македонија“, Maj 2007 - Заедничка изложба на фотографии со Христина Патчева; Изложба во рамките на денови на Македонската култура во Германија, Information Center “Europa Direkt”, Келн, Германија и „Поезијата на секојдневиоето“, Ноември 2013, Самостојна изложба на фотографии во Национална галерија на Македонија “Мала Станица“, Скопје.

Колевски учествувал на повеќе државни и меѓународни изложби на фотографија. Неговите фотографии во континуитет се изложувани на манифестацијата “Денови на Македонската фотографија“ почнувајќи од 2000 година и се дел од националните колекции на фотографии со кои Фото Сојуз на Македонија учествувал на FIAP (Fédération Internationale de l'Art Photographique ) изложби.

Дејан Колевски е добитник на наградите:

• Прва награда за колекција фотографии на "Денови на македонската фотографија" 2010

• Диплома за фотографија на меѓународната изложба на фотографии "Фото Салон Куманово 2010"

• Диплома за колекција на фотографии на "Денови на македонската фотографија" 2011

• Втора награда за колекција фотографии на "Денови на македонската фотографија" 2012

• Сребрен медал за фотографија 'PERSPECTIVE One - International Salon of Fine Art Photography 2013

• Бронзен медал за фотографија - Фото Изложба Куманово 2014

• Диплома за колекција фотографии на "Денови на македонската фотографија" 2058

• Прва награда за колекција фотографии на "Денови на македонската фотографија" 2018

• Бронзен медал за фотографија – Фото изложба Balkan Frame 2018, Чачак, Србија

Изложбата ќе остане во НЛБ Галерија се до 28.5.2019 година.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија