25 Април, 2024
0.1306

Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка започна со процесот на издавање на домашните платежни картички и веќе се изработени првите 35.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција. Од Банката информираат дека сите корисници на финансиска поддршка, кои се распределени во НЛБ Банка, по изработка на домашната платежна картичка, ќе добијат СМС известување дека картичката е изработена и ќе им биде лично доставена на домашната адреса.

За точна и навремена достава на картичката, НЛБ Банка ги повикува сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат тоа во најкус можен рок, преку веб страницата на Банката на линкот https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx и да ги внесат потребните  податоци. Воедно, по добивање на картичката клиентите ќе можат да ги следат сите свои реализирани трансакции и да имаат увид во состојбата на нивната картичка преку НЛБ мКлик мобилното банкарство кое може да го преземат и користат без дополнителни трошоци и надоместоци.

НЛБ Банката  ја поддржува оваа иницијатива на Владата со изработка и издавање на 113.000 картички. Издавањето на картичките ќе се одвива етапно, а крајниот рок, поставен во Уредбата на владата на Р. Северна Македонија, за издавање на картичките е 18 јули 2020 година. Граѓаните корисници на оваа платежна картичка ќе можат да ги користат средствата до 15 август 2020 година за купување на македонски производи.

 За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600 и на e-mail: info@nlb или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет