Израелски војници убија Палестинка
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2021
Палестинка e убиена во близина на градот Хизма недалеку од градот Рамала на Западниот брег откако се обидела да влета во израелските војници со автомобил.
Војската соопштила дека напаѓачот е „неутрализиран“, објави „Тајмс оф Израел“.
„Терористката сакаше да влета со својот автомобил во војниците во близина на Хизма, а потоа ги нападна со нож“, стои во соопштението на израелската војска.
Палестинското Министерство за здравство објави дека станува збор за жена која починала од повредите.
Медиумите пишуваат дека станува збор за Маи Афанах, 29-годишна студентка по медицина од Абу Дис. Наводно била застрелана и оставена да крвари на самото место, а палестинските медиуми тврдат дека немало брза помош.
Неодамна имаше судири повеќе од 10 дена меѓу палестинската група Хамас и Израел.