20 Април, 2024
0.0263

Извештај во Бундестагот: Во кои индустрии странците имаат најлоши услови за работа во Германија?

Објавено во: Економија 06 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Работодавците во Германија ги искористуваат странците, односно редовно плаќаат помалку за нив, ги вработуваат без договор за работа и ги принудуваат да работат прекувремено. Странските работници не добиваат листа за исплата и не им плаќаат за прекувремена работа, предупредува Германскиот институт за човекови права.

Се работи за сите странски работници, а најголема „жртва“ се Ирачаните и Сиријците кои пристигнуваат во поголем број од 2015 година, но исто така и Романците и Бугарите , како и Латиноамериканците, се „експлоатирани" на работното место, според Независниот институт за човекови права кој го достави овој извештај до германскиот парламент.

Често добиваат многу помалку од законски пропишаната минимална плата, што во моментов изнесува 8,84 евра бруто на час. Работодавците често  ги сместуваат во несоодветни услови, вели институтот, кој своите заклучоци ги формулира на основа со директни разговори со странски работници.

Таквите ситуации се чести во градежниот сектор, фабриките за преработка на месо, но исто така и во здравството, хигиената и угостителството.

Во извештајот се предупредува дека странците често работат без договор и не добиваат листа за исплата на плата, што ги попречува во евентуално покренување на тужба во судот. Нивните работодавци не им плаќаат никакви социјални придонеси.

"Всушност, овие луѓе имаат речиси и да нема можност да се обратво на судот во врска со барања за плата", изрази жалење Беате Рудолф, директор на Институтот, на презентацијата на извештајот.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите