25 Април, 2024
0.0294

Извесни ли се изборите на 12 април: Политичките сигнали „матат“ одложување

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Можно ли е одложување на закажаните избори? Дали граѓаните ќе гласаат на 12 април како што беше договорено, или сепак избори ќе има во октомври кога впрочем требаше да се одржи редовното гласање. Македонија влегува во изборна година, но се повеќе шпекулации укажуваат на тоа дека има опции изборите сепак да не се на 12 април. Ако се одржат тогаш, веќе од 2 јануари треба да се формира технчиката Влада. Иако во јавноста имаше размисли на познавачи и партиски луѓе дека изборите ќе се одлжат и тоа по добиена согласност и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, дебатата за тоа дали ќе има или не избори некако доби на интензитет откако претседателот Стево Пендаровски во изјава за Детектор рече дека не е убеден дали изборите ќе се на 12 април. Тоа го кажа во контекст на тоа дека тој нема одлучувачка улога за изборите. Сепак опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во оваа изјава препозна обид на Пендаровски да направи алиби, како што рече, за владеачката партија, па катастрофата да не се случела во април.

Вицепремиерот Бујар Османи, синоќа во емисијата ClickPlus на ТВ21 ја коментираше изјавата па рече дека претседателот не носи одлуки за одложување на избори.

„Пендаровски не носи одлука за одложување на изборите. Тој е само модератор. Претседателот и сам кажа дека тој не одлучува, туку тоа е одлука на политичките партии, истите кои донесоа одлука за оддржување на изборите на 12 април. Засега, нема никакви индиции за одложување на изборите“, рече Османи.

Претходно Мицкоски рече дека втора алтернатива нема, па одеше и подалеку и рече дека доколку претседателот не е уверен дали изборите ќе се одржат во април, во тој случај, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ги преразгледа односите што ги има со претседателот.

-Последниот пат кога бевме на средбата со Пендаровски, на негова иницијатива сите заеднички, ги ставивме партиските интереси во втор план, ги ставивме државните интереси и интересите на граѓаните на прв план, организиравме заеднички состанок. На тој состанок ги прецизиравме приоритетите кои се за државата, ја реафирмиравме нашата позиција и како политичка партија, но и останатите, за иднината на нашата држава, но истовремено се договоривме дека на 12 април е денот кога практично ќе се случат тие предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски

Стево Пендаровски во своето интервју за Детектор рече дека не може да биде убеден дека на 12 април ќе има избори, бидејќи тоа не зависи од него.

Не е до мене, меѓутоа и така влегуваме скоро во изборна година, може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок“ – вели Пендаровски.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад