24 Септември, 2020
0.0187

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Објавено во: Мои пари 02 Август, 2020

Вчера напладне (1 август) во јавно и транспарентно извлекување пред посетителите на Веро центар беа извлечени добитниците на двете главни награди во големата наградна игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“. Од големиот куп пристигнати купони беа извлечени имињата на двајцата најсреќни добитници на автомобил пежо 208 и скутер хамачи ил бело. 

Финалето на големата наградна игра на Веро го заокружија имињата на двајцата најсреќни добитници. Вредниот автомобил пежо 208 заврши кај Ана Наумовска од Тетово, додека добитник на скутерот хамачи ил бело е Лазиме Терзија од Тетово. На главното извлекување му претходеше последното коло од извлекувањата за неделните награди, во кои Веро во изминатите неколку недели додели вкупно 6 тротинети, 12 велосипеди, 30 рачни часовници касио, како и по 30 ваучери од по 1.000 и 2.000 денари.

- Нашата главна цел во работењето е на потрошувачите да им овозможиме најдобра услуга, најквалитетни производи и најдобри цени. Но, задоволството е огромно кога на потрошувачите им приредуваме огромна радост доделувајќи им вредни награди. Во изминатите недели пристигнаа огромен број купони што ни докажа дека имаме навистина лојални потрошувачи кои му веруваат на Веро. Тоа нѐ прави многу горди и ни дава поттик да продолжиме да им го нудиме најдоброто. Им честитаме на сите добитници на награди во оваа наградна игра, а тие што овојпат немаа толку среќа во следниот период ќе продолжиме да ги изненадуваме со нови наградни игри, како и со привлечни акции и понуди – велат од менаџментот на Веро. 

Наградната игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“ траеше од 15 јуни до 31 јули и во неа учествуваа сите потрошувачи кои во Веро маркетите направиле сметка повисока од 300 денари за селектирани производи кои беа посебно обележани на рафтовите. Интересот за учество во наградната игра беше огромен поради големиот фонд на многу вредни награди. 

Имињата на добитниците на двете главни награди, како и на неделните награди, јавно беа објавени на извлекувањето во Веро центар, а објавени се и на Фејсбук страницата Веро маркети. 

Можеби ќе ве интересира

ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

Шпаркасе Банка Македонија добитник на наградите Fastest Growing Corpоrate Bank North Macedonia 2020 и Fastest Growing Retail Bank North Macedonia 2020

Шпаркасе Банка Македонија добитник на наградите Fastest Growing Corpоrate Bank North Macedonia 2020 и Fastest Growing Retail Bank North Macedonia 2020

Вашиот Hugo Boss отсега во Сити Мол!

Вашиот Hugo Boss отсега во Сити Мол!

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Уникатен настан за љубителите на филмот: A1 Drive-in кино од 29 септември до 5 октомври

Уникатен настан за љубителите на филмот: A1 Drive-in кино од 29 септември до 5 октомври

Претставен Samsung Galaxy S20 FE: Креиран за сите, наменет за тебе

Претставен Samsung Galaxy S20 FE: Креиран за сите, наменет за тебе

Пакомак доби продолжување на дозволата од Министерството за животна средина

Пакомак доби продолжување на дозволата од Министерството за животна средина

НЛБ БАНКА СО НОВИ КРЕДИТНИ ПРОДУКТИ ЗА ПОДДРШКА НА КОНКУРЕНТНОСТА И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

НЛБ БАНКА СО НОВИ КРЕДИТНИ ПРОДУКТИ ЗА ПОДДРШКА НА КОНКУРЕНТНОСТА И ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ

АСОМ: И во услови на пандемија, индустријата може непречено да функционира ако се почитуваат протоколите

АСОМ: И во услови на пандемија, индустријата може непречено да функционира ако се почитуваат протоколите