26 Април, 2024
0.0370

ИЗВОР РАШЧЕ: Скопјаните ја сакаат само својата вода за пиење

Објавено во: Македонија 23 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Двете каптажи Рашче 1 и Рашче 2 снабдуваат со вода 800-тини илјади жители со вода во Скопје, но ретко кој знае дека планинскиот масив Жеден е заслужен за тоа затоа што ја „стопира“ водата што надоаѓа од полошкиот крај и од Шара и ја складира како природен резервоар и истовремено ја прочистува.

Околу 70 проценти од капацитетот на изворот е од Шар Планина, 20 отсто е од Жеден, додека 10 проценти доаѓа од реката Вардар. Извонредна карактеристика на изворот е тоа што има „инверзен“ карактер, па капацитетот е најголем во лето кога потребата за вода исто така е зголемена. Изворот е „повисок“ 45 метри од Скопје и тоа овозможува водата сама да стигне гравитациски до градот под поволен притисок. 

- Двете каптажи се збир на повеќе извори на едно место, а патувањето на водата почнува од Шара, од Полог. Го имаме Жеден како природен филтер и поради него водата никогаш не се заматува поради неговата калцидна структура со минерали. Тоа е она што ја прави една вода да се разликува од друга вода. Секој што живее подолго во Скопје си ја бара својата вода од овој извор, на друго место неговиот организам ќе реагира и ќе му каже дека не ја пие истата - вели Зоран Божиновски, директор на Центарот за санитарна контрола од ЈП Водовод и канализација.

Како што вели тој, „скопската вода“ е идеално избалансирана со константна температура во текот на годината. Водата во самите станици и лаборатории се испитува секојдневно и вонредно на два месеци, иако нејзините параметри не се менуваат со децении ниту се појавил одреден негативен индикатор.


Зоран Божиновски е најодговорниот за контролата на двете каптажи, заедно со генералниот директор на ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски

Првата каптажа е направена во 1836-та година чија вода завршувала во резервоарот кај тврдината Кале, а модерните Рашче 1 со 2.000 литри во секунда и Рашче 2 со 1.000 литри во секунда се формираат во 1961-ва, односно 1980-та со челични цефководи. Божиновски вели дека нема потреба од никаква хемиска интервенција, освен хлорирање.


Првата каптажа од 1936-та пред да се изградат Рашче 1 и Рашче 2

Должината на подземната акумулација е 10 километри, а Рашче е под утврдени зони на заштита со одлука донесена од Собранието во 1990. Дефинирани се три граници на заштита и активности што се забранети соодветно за секоја зона од полошката котлина.


Во модерната каптажа не се вршат никакви хемиски 
интервенции, освен хлорирање

Градоначалникот Петре Шилегов вели дека дека скопјани ја имаат таа привилегија да пијат една од најчистите води што доаѓа преку цевковод.

- Станува збор за еден од најдобрите три извори во Европа. Филтарцијата по природен пат трае 30 години пред да се испие. Ретко каде е тоа така, а единствено може само Виена да преднички со 100-годишна филтрација. Не остава простор за политиканство. Таа е совршено здрава - вели Шилегов.


Шилегов пиеше вода директно од изворот


Пред да се испумпа водата од каптажите кон Скопје таа е законски заштитена во специјални зони кои ја опфаќаат полошката котлина

Додека се пие водата од Рашче, долгорочно се размислува и за други извори кои ќе го снабдуваат Скопје со вода со зголемувањето на населението и индустријализацијата. Во лабораторијата на ЈП Водовод и канализација во Нерези-Лепенец се испитува можноста за пиење од изворите на Врелска река, Патишка река и други, иако засега ја нема потребната инфраструктура. 


Водата секојдневно се испитува, иако никогаш не покажува значителни промени

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот