15 Април, 2021
0.0206

Извозот пораснал за над 20 отсто

Објавено во: Економија 07 Април, 2021

Извозот пораснал за повеќе од 20 отсто. 

Извозот на стоки во првите два месеци од 2021 година има раст од 21,1 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 1.301.104 илјади американски долари. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена,  Македонија во овој период најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-февруари 2021 е 78,4 отсто. Вредноста на увeзената стока, изнесува 1.659.766 илјади американски долари што е за 15,1 отсто повеќе во споредба со тој период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-февруари 2021 година е 358.663 илјади американски долари. 

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.  Најмногу се увезуваат другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, ќерамичките производи за лабораториска и слично. 

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

МАРТИН АНГЕЛОВСКИ ОД ТУК: Од понеделник излегуваме на протести, остануваме се додека не се прифатат нашите барања

МАРТИН АНГЕЛОВСКИ ОД ТУК: Од понеделник излегуваме на протести, остануваме се додека не се прифатат нашите барања

Туристичко-угостителската комора „фрлена на колена“: Како ќе се надминуваат штетите предивикани од Ковид19

Туристичко-угостителската комора „фрлена на колена“: Како ќе се надминуваат штетите предивикани од Ковид19

Владата повторно инјектира милионски суми во државната компанија НЕР

Владата повторно инјектира милионски суми во државната компанија НЕР

Кој македонски производител на зејтин продава 50.000 акции? Цената е багателна!

Кој македонски производител на зејтин продава 50.000 акции? Цената е багателна!

ФИРМИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЖАЛАТ НА ДРЖАВНИТЕ ОГЛАСИ - лани имало над 1.000 жалби до Комисијата за јавните набавки

ФИРМИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЖАЛАТ НА ДРЖАВНИТЕ ОГЛАСИ - лани имало над 1.000 жалби до Комисијата за јавните набавки

Каков е всушност проектот „Гранд“ спроти Холидеј Ин: Највисоката кула ќе има 22 ката, а зеленило од над 6.000 квадрати

Каков е всушност проектот „Гранд“ спроти Холидеј Ин: Највисоката кула ќе има 22 ката, а зеленило од над 6.000 квадрати

Генерали Инвестментс: Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда потребно е да истраат

Генерали Инвестментс: Инвеститорите со долгорочни цели на заштеда потребно е да истраат

Објавен летниот распоред: Повторно директна авионска линија помеѓу Малта и Македонија по пауза од една година

Објавен летниот распоред: Повторно директна авионска линија помеѓу Малта и Македонија по пауза од една година

Валалница во Србија им дава бонус на работниците ако се вакцинираат

Валалница во Србија им дава бонус на работниците ако се вакцинираат