16 Јули, 2025
0.0268

Извозот со значителен раст во првите пет месеци - Германија останува најголем партнер, еве кои други земји се во врвот

Објавено во: Економија 05 Јули, 2025 10:16

Добивај вести на Viber

Вкупната вредност на извозот на стоки од земајава, во периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 3,3 милијарди евра и бележи пораст од 3,2 отсто во однос на истиот период лани. Само во мај е забележан раст на извозот од 23,44 проценти. Вредноста на увезената стока, пак, во првите пет месеци е 4,6 милијарди евра, што е за 1 процент повеќе во споредба со претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – мај 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 47 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,7 отсто во вкупната размена.

Можеби ќе ве интересира

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство

Кој и зошто прави залихи од сребро?

Кој и зошто прави залихи од сребро?

Како да добиете поевтин стан или куќа? Не секој се осмелува да ја искористи оваа опција

Како да добиете поевтин стан или куќа? Не секој се осмелува да ја искористи оваа опција

СЕГА 20 ОТСТО ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ СТРАНЦИ: Албанија планира да донесе 40.000 работници од други земји

СЕГА 20 ОТСТО ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ СТРАНЦИ: Албанија планира да донесе 40.000 работници од други земји