20 Април, 2024
0.0288

Извршител преку оглас го бара управителот на 1ТВ

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Извршителот Благоја Каламатиев од Скопје преку оглас го бара управителот на 1ТВ за да дојде во неговата канцеларија и да подигне налог за наплата. Барањето за извршување е од доверителот кој во овој случај е Комитетот за мерење на публиката во Република Македонија.  Трговското друштво 1 ТВ договорот за мерење на публиката го потпишал на 4 септември 2018, а налогот за наплата на побарувањата е од 10 октомври.

Комитетот за мерење на публиката е основан по иницијатива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а нејзини членови се и националните телевизии, јавниот сервис, маркетинг агенции и асоцијација на огласувачите, а основна дејност му е да избира агенции кои истражуваат структурата и профилот на домаќинствата и спроведува мерењата за гледаноста на програмите. Не е позната сумата што се должи, ниту колку чини целокупното извршно решение.

Летоска АВМУ едногласно донесе одлука да поведе постапка за утврдување дали постои повреда на забраната за таен сопственик на радиодифузерот 1ТВ. Според Централниот регистер 1ТВ е во 100 отстотна сопственост на “БЈМ Медиа Груп” што е во сопственост на Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, инаку првообвинет во случајот „Рекет“.. Законот за медиумски услуги забранува тајно сопствеништво на радиодифузерите.

Инаку, пензионерот Богдан Дамјаноски кој само што беше објавено дека пред Управата за јавни приходи се претставил дека има намера да биде новиот сопственик на телевизијата, набрзо се повлече од своите намери.

Дамјаноски рече дека инвеститорот во чие име настапува се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала цена, но откако УЈП ја блокирала сметката за неплатени даноци, сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име не сакаше да го открие, бил негов пријател кој живеел во Холандија и сакал да почне бизнис во Македонија. Првата опција била да ја купи телевизијата на Боки 13.

Договорот за купување на уделите во БМЈ Медиа груп, фирмата која е сопственик на 1ТВ, Дамјаноски го склучил минатата недела со сопствениците Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ пред тие да бидат приведени. Тоа бил интерен договор кој се уште не бил спроведен во институциите. Дамјаноски тогаш се појавил во телевизијата и имал разговори со дел од вработените и склучил договори за работа со ветување дека ќе им бидат исплатени и заостанатите плати.

(А.К.)


Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите