29 Март, 2024
0.0822

Извршителски тарифи: Семејство ќе остане без куќа оти за 5.000 денари треба да платат 300.000

Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Низ вистинска голгота поминува семејството на македонскиот музичар Владимир Софрониевски. Тој неговата сопруга и трите малолетни дечиња може да останат без семејната куќа во скопско Маџир маало затоа што за долг од само 5.000 денари преку извршител треба да платат дури над 300.000 денари. Уште постаршно е што долгот е по сонов на судска казна за процес во кој тој не е осуден. За да биде трагедијата уште погоелма процесот бил за наводно каснување на човек од куче кое било на Софрониевски, а тој тврди дека никогаш немал куче. 

 Пред 7 години е констатирано дека за овој случај нема никакви докази и дека тој нема за што да биде казнет. Кога мислел дека случајот е решен, македонскиот музичар доживува шок. Случајот го превзема друг судија и во прво рочиште изрекува казна од 5.000 евра. Софрониевски тврди дека воопшто не е повикан на суд, нема сведочено, ниту пак пред него се изнесени докази за делото за кое пресудата веќе била донесена, објавува Сител

Главниот долг, првично е 5.000 денари. Сегашниот, каде се пресметани камати на главен долг, главен долг, камати, трошоци за адвокат… изнесува 292.263 денари. Дополнително, само трошоците за извршување чинат 38.621 денар.

Налогот за извршување наведува дека ако Софрониевски не го подмири долгот, ќе остане без куќа.

Софрониевски, инаку, е со телесен инвалидитет. Неговото синче има тргнато по стапките на семејството и се занимава со музика. Оди на натпревари, ја претставува Македонија и ја прави публиката горда. Трите дечиња, наместо да уживаат во детството, денес живеат во страв, соочени со неправда претешка за сфаќање дури и од возрасните, а уште повеќе од нив.

Софрониевски апелира до сите хумани граѓани кои можност да му помогнат 200002386288553 Владимир Софрониевски.

  

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење